Нови 118 случаи со Ковид-19, починати четири, оздравени 74 пациенти

23.06.2020 15:43

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.311, бројката на оздравени пациенти е 2.048, на починати е 251, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.012...

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1363 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-55, Куманово-9, Дебар-1, Штип-1, Прилеп-4, Тетово-20, Струга-2, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-2, Свети Николе-1, Кичево-1, Ресен-5.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од: Скопје-37, Штип-3, Прилеп-5, Тетово-24, Велес-1, Гостивар-4.

Во ГОБ „8 септември“ починати се четири лица од Скопје - пациент (58г) примен на 9 јуни, пациент (73г) хоспитализиран на 26 мај, пациентка (73г) примена во боницата на 22 јуни. Починат е и пациент (72г) на 21 јуни, денеска е потврден неговиот позитивен резултат.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.311, бројката на оздравени пациенти е 2.048, на починати е 251 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.012. Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 2.588, активни 1.734

• Куманово 703, активни 250

• Дебар 83, активни 31

• Штип 276, активни 186

• Прилеп 235, активни 17

• Тетово 558, активни 322

• Струга 181, активни 101

• Велес 169, активни 34

• Битола 43, активни 14

• Охрид 120, активни 100

• Кавадарци 11, активни 6

• Гостивар 87, активни 50

• Гевгелија 10, активни 6 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 12, активни 8

• Крива Паланка 11, активни 5

• Радовиш 4, активни 0

• Крушево 6, активни 3

• Кочани 61, активни 27

• Пробиштип 13, активни 10

• Демир Хисар 1, активни 0

• Македонски Брод 3, активни 1

• Пехчево 5, активни 2

• Берово 2, активни 1

• Валандово 6, активни 4

• Виница 3, активни 0

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 4, активни 2

• Свети Николе 17, активни 15

• Кичево 9, активни 6

• Ресен 70, активни 69

• Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1363 теста се преку: ИЈЗ –533, ЦЈЗ Скопје-22, Авицена –73, Биотек –159, МАНУ -145, Жан Митрев (Филип Втори) -179, Судска медицина-13 и Систина  со PCR метода -239 . Досега во земјата се направени вкупно 53,248 тестирања на Ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 109 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во монтажната болница се хоспитализирани 13 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент и две деца позитивни на Ковид-19.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, а вкупно хоспитализирани 127 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти - позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 402

• Аеродром - 136

• Бутел - 138

• Гази Баба - 150

• Центар – 131

• Карпош – 116

• Сарај – 137

• Кисела Вода – 98

• Ѓорче Петров – 80

• Студеничани – 86

• Шуто Оризари – 73

• Арачиново – 49

• Илинден – 31

• Петровец – 16

• Чучер Сандево – 15

• Сопиште – 12

• Зелениково-2

• Странец – 4

• Нераспределен-4