Тетово: Непочитувањето на мерките го зголеми бројот на заразени
Дваесет новозаразени со коронавирусот во Тетовско. Тетово и Теарце сѐ уште се најголемите жаришта. Во градот има 11 позитивни случаи, а во Теарце има четири активни кластери. Ретко се почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести.

Дваесет новозаразени пациенти со коронавируси во тетовско. Тетово и Општина Теарце сѐ уште се најголемите жаришта. Во градот има 11 позитивни случаи, а во Теарце каде има 4 активни кластери евидентирани се нови три случаи, со тоа вкупната бројка во оваа рурална општина изнесува 63.
Постојани се апелите на здравстените работници за заштита од коронавирусот. Но, нивните совети според состојбата на терен, граѓаните, посебно младите лица, не ги земаат в предвид. Ваква е вообичаената слика сликата во центарот на Тетово. Ретко да се забележи лице со заштитна опрема.
Непочитувањето на мерките го зголеми бројот на позитивни случаи во Tетовско. Досега имаме вкупно 556 лица позитивни на вирусот, а 36 заразени починале. Поголем дел од граѓаните во последно време се инфицирани, но не знаат од каде.
Од Центарот за јавно здравје- Тетово велат дека најголемиот проблем е токму криењето на контактите со веќе заразено лице
Од СВР Тетово велат дека сите лица кои не ги почитувале здравствените препораки во време на епидемија се казнети согласно законските прописи. Од почетотокот на епидемијата досега се казнети 3.636 граѓани кои не носеле заштитни маски.
Во тетовско деновивие заврши вонредниот скриниг на населението каде во повеќе општини од овој регион беа пронајдени позитивни случаи на коронавирус. Голем дел од нив биле без симптоми, а претходно според направената анкета се движеле по јавни простопри и имале контакт со повеќе лица.
Зоран Димовски
