Заштитена и фер изборна кампања
Заврши вонредната состојба, утре почнува изборната кампања за 10-ите парламентарни избори. Граѓаните сакаат чиста, фер кампања, ама, од искуството и моменталната стресна ситуација, очекуваат агресивност. За помладите, интернет пораките до гласачите се достапни, за повозрасните преку телевизиите...

Видео изборна кампања без митинзи, интернет и преку медиумите пораки до гласачите, дводневен изборен молк, гласање два часа повеќе и среде работна недела, протоколи за заштита. Ова е, главно, ликот на овој јубилеен изборен парламентарен процес, досега поразличен од сите.
Граѓаните, главно упатени. Сакаат фер кампања, ама, велат, за жал, според искуството, нема да изостанат агресивноста и дисквалификацијата на политичките противници. Стресната ситуација поради пандемијата го засилува тоа.
Интернет упатените пораки побрзо ќе стигнат до помладите, за другите - преку телевизиите и радијата. Ама за сите е битна суштината што се порачува. За билбордите одредува Државната изборна комисија.
Според најновите владини уредби, Изборната Комисија има право да ја промени просторијата на гласањето доколку не се запазени сите мерки за заштита. ДИК е на увид на теренот до четврток. 10 до 20 насто од избирачките места во земјава ќе ги променат просториите. Се преферираат училиштата и спортските сали.
Елизабета Митреска
