Димитров: Во втората половина на годината нашите тимови ќе почнат со конкретна работа врз поглавјата

24.06.2020 12:45

Министерот за надворешни Димитров, и вицепремиерот за евроинтеграции Османи, на видео состанок со евроамбасадорот Жбогар и амбасадорите на земјите членки на Европската унија во земјава...

Министерот за надворешни Димитров, и вицепремиерот за евроинтеграции Османи, на видео состанок со евроамбасадорот Жбогар и амбасадорите на земјите членки на Европската унија во земјава.

Уверени сме дека во втората половина на годината, нашите тимови ќе почнат со конкретна работа врз поглавјата односно кластерите на законодавството на ЕУ, според новата методологија, потенцирал Димитров.

Била изразена надеж дека единството и солидарноста во справувањето со Ковид-19 ќе продолжи и натаму, со уште поголем интензитет и координација, особено во претстојниот период кога полека ќе почнат да се отвораат границите за слободно патување.