Октишани најавуваат протести доколку не прекине нелегалната сеча
Три месеци се пустоши шумата на Јабланица, а таму се главните извори за вода. Со масовната сеча од страна на „Македонски шуми“ се доведува во прашање водоснабдувањето на околу 5.000 жители од Октиси...

Октишани се закануват со масовни протести и блокади на патот Струга- Дебар, доколку под итно не прекине сечата во шумата над селото. Три месеци се пустоши шумата на Јабланица, а таму се главните извори за вода. Со масовната сеча од страна на „Македонски шуми“ се доведува во прашање водоснабдувањето на околу 5.000 жители од Октиси, а во опасност се и археолошките остатоци од староримската тврдина и древниот римски пат Виа Игнација. Протестите ги најавуваат за идната недела.
„Ние како октишани сме многу изреволтиарани и чекаме институциите да ја решат оваа проблематика. Се надеваме дека ќе ја решат поради загрозувањето на анселението и изворите шо се снабдуваме со вода. Немаме ништо против шумско, ниту против тие кои имаат тендер ние само ги чуваме нашите извори и одиме до крај“, вели Енис Мемедоски, претседател на МЗ Октиси.
И за време на полициски час се вршеше масакр во шумата на Јабланица, жителите велат имало и нелегално крадење на дрва. Октишани бараат сечата да се пренасочи во други делови од планината, подалеку од изворите.
„Настрана од изворите слободно може да си планирата во вевчаснкиот терен , во горнобеличкиот терен, во нашиот терен октишки ние ќе ја дадеме целата наша поддршка како жители на Октиси таа работа да престане“, додава Мемедоски.
Жителите на Октиси против нелегалната сеча протестираа во февруари годинава. Тие поднесоа петиција поради неконтролираната сеча во атарот на селото.
Соња Рилковска
