Полицијата регистрирала 643 граѓани што не носеле лична заштита на лице

25.06.2020 10:15

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката...

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 366 лица им се издадени решенија за изолација, а 125 лица потпишале изјави за самоизолација, соопштуваат од МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката. 

Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 643 прекршоци.