Нови 153 случаи на Ковид-19, шест починати, оздравени 75 пациенти

25.06.2020 14:10

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.595, бројката на оздравени пациенти е 2.166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.164...

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.279 тестирања, а регистрирани се 153 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-66, Куманово-13, Штип-13, Прилеп-2, Тетово-20, Струга-7, Битола-1, Охрид-7, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Свети Николе-3, Кичево-6, Ресен-12.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти од: Скопје-47, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-3, Кавадарци-1, Гевгелија-2, Кочани-1, Пробиштип-1.

Починати се 6 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен.

Во ГОБ „8 септември“ по прием е починат пациент (53г) од Ресен. Починат е пациент од Скопје (61г), лекуван болнички до 23 јуни.  Во болницата во Штип починаа две лица, пациент (80г) хоспитализиран на 5 јуни и пациент (75г) хоспитализиран на 24 јуни.

Во ОБ Охрид почина пациент (68г) години, хоспитализиран на 23 јуни. Денеска институтот евидентира и претходно починат пациент од Тетово (79г).

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.595, бројката на оздравени пациенти е 2.166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.164. Од вчерашните тестирања три се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 2.730, активни 1.800

• Куманово 723, активни 268

• Дебар 83, активни 31

• Штип 290, активни 184

• Прилеп 240, активни 20

• Тетово 603, активни 355

• Струга 389, активни 107

• Велес 171, активни 30

• Битола 44, активни 15

• Охрид 131, активни 107

• Кавадарци 11, активни 5

• Гостивар 91, активни 52

• Гевгелија 10, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 13, активни 9

• Крива Паланка 13, активни 7

• Радовиш 4, активни 0

• Крушево 6, активни 3

• Кочани 63, активни 27

• Пробиштип 14, активни 9

• Демир Хисар 1, активни 0

• Македонски Брод 3, активни 1

• Пехчево 5, активни 2

• Берово 2, активни 1

• Валандово 6, активни 4

• Виница 3, активни 0

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 4, активни 1

• Свети Николе 20, активни 18

• Кичево 16, активни 12

• Ресен 85, активни 83

• Неготино 20, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1279 теста се преку: ИЈЗ –634, ЦЈЗ Скопје-0, Авицена –105, Биотек –140, МАНУ -109, Жан Митрев (Филип Втори) -164, Судска медицина-5,  Систина  со PCR метода -109 и ЦЈЗ Битола-13. Досега во земјата се направени вкупно 55.735 тестирања на Ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 98 пациенти. На кислородна поддршка се 51 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.  Во болницата во Козле се хоспитализирани 2 деца сомнителни на Ковид и 11 возрасни позитивни пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, вкупно хоспитализирани се 135 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 81 пациент - позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 416

• Аеродром - 141

• Бутел - 136

• Гази Баба - 151

• Центар – 123

• Карпош – 121

• Сарај – 138

• Кисела Вода – 109

• Ѓорче Петров – 88

• Студеничани – 94

• Шуто Оризари – 77

• Арачиново – 51

• Илинден – 32

• Петровец – 16

• Чучер Сандево – 17

• Сопиште – 12

• Зелениково-2

• Странец – 3

• Нераспределен-7