Разрешен в.д. директорот на Центарот за јавно здравје-Скопје, д-р Арбен Зибери

26.06.2020 13:14

Зибери е разрешен заради пласирање на неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот...

Разрешен е в.д директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, д-р Арбен Зибери, соопшти Министерството за здравство.

Зибери е разрешен заради пласирање на неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот.

Министерството информира дека д-р. Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот за јавно здравје е назначен за нов в.д. директор на Центарот.