Од денеска угостителските објекти можат да работат и во внатрешноста
26.06.2020 11:49
Се дозволува и работа на теретаните и вежбалните, додека моловите ќе можат да работат и во неделите.

Угостителските објекти од денеска можат да работат и во внатрешноста на објектите со соодветен протокол за работа. Се дозволува и работа на теретаните и вежбалните, додека моловите ќе можат да работат и во неделите.
Ова го овозможува уредбата што ја донесе Владата на седница во вторникот врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести.
