Избори за ректор на УКИМ

26.06.2020 15:23

Професорите Петар Атанасов, Вујица Живковиќ и Драги Димитриевски, кои вчера ги ставија кандитатурите во мирување, велат дека е лага информацијата дека се повлекуваат и го бојкотираат изборот.

На Универзитетот „Кирил и Методиј“, избори за ректор. Професорите Петар Атанасов, Вујица Живковиќ и Драги Димитриевски, кои вчера ги ставија кандитатурите во мирување, велат дека е лага информацијата дека се повлекуваат и го бојкотираат изборот.

„Ние вчера јасно и гласно кажавме дека нашите кандидатури ги ставаме во мирување согласно со извештаите и препораките на ДКСК и ДПИ. Овие избори за ректор се нелегални, недемократски и неакадемски. Не сакаме да учествуваме на вакви избори и да и дадеме легитимност на целата оваа нелегална постапка“- велат тие во заедничко соопштение.

Тројцата професори наведуваат дека остануваат на ставот оти денешното гласање е противзаконско.