ОБСЕ/ ОДИХР за првпат со помал број набљудувачи од вообичаено

26.06.2020 16:28

Сепцијалната мисија на ОБСЕ/ОДИХР ги следи изборната кампања и сите активности поврзани со неа заклучно со денот на гласањето. Годинава, за првпат има помал број набљудувачи од вообичаено. Шефицата на мисијата Андрикиене за јавниот сервис појаснува кои ќе бидат нивните задачи...

Специјалната мисија на ОДИХР за проценка на изборите се состои од девет експерти од девет земји- членки на ОБСЕ, кои ќе бидат сместени во Скопје и од главниот град ќе го следат целокупниот изборен процес. Внимателно ќе се оценува колку изборите се одржуваат согласно заложбите на ОБСЕ и останатите меѓународни стандарди за демократски избори и националното законодавство.

Набљудувачите блиску ќе ги следат фундаменталните основи за изборите како регистрацијата на гласачите, регистрацијата на кандидатите, активностите на изборната кампања и известувањето на медиумите, работата на ДИК и надлежните владини институции, спроведувањето на законите за изборите и разрешувањето на изборните спорови. Мисијата на ОДИХР ќе прави квалитетна и квалитативно и квантитативно следење на медиумското покривање на изборната кампања.

Јадрото на набљудувачката мисија пристигна во земјава на 19 јуни, ќе го следи изборниот ден на 15 јули и ден потоа ќе одржи прес- конференција за да ја даде првичната оценка за изборите. Набљудувачите ќе си заминат од земјава на 23 јули.

 

Ирина Гелевска