Филипче: Никој не смее политички да поентира во услови на здравствена криза

26.06.2020 16:40

Министерот Филипче го разреши директорот на скопскиот Центар за јавно здравје. Филипче вели дека зибери го поткопал угледот на членовите на Комисијата за заразни болесто откако објавил дека оттаму издејствувал да се предложи отворање на границите. Во најновиот биланс, 163 заболени...

Нови 163 се регистрирани во последното деноноќие, информираат од Министерството за здравство. 70 биле од главниот град. Има 40 оздравени пациенти. Починале три лица. На Инфективната клиника и во болницата „8 Септември“ примени се 18 нови пациенти, а хоспитализирани 238 . Во болницата во Козле се хоспитализирани 5 деца и 15 возрасни позитивни и сомнителни на Ковид.

Министерот за здравство Филипче посочи дека никој не смее да поентира политички во услови на здравствена криза откако го разреши директорот на Центарот за јавно здравје Зибери кој претходно објави дека издејствувал Комисијата да предложи отворање на границите за иселениците да гласаат за премиер Албанец.

По речиси неполни четири месеци граничните премини во државата се отворија. Македонските државјани и странците ќе можат непречено да се движат без обврска за ПЦР-тест и државен карантин. Останува обврската за почитување на препораките.

 

Дијана Ценевска