ЕУ амбасадори: Очекуваме сите политички партии да водат кампања во рамките на законот
26.06.2020 16:55
Изборниот процес е можност политичките актери, од сите страни, да ја потврдат и јасно да ја покажат својата посветеност на владеењето на правото и почитувањето на највисоките европски стандарди...

Шефот на делегацијата на Европската унија и амбасадорите на земјите-членки во Скопје со писмена изјава - очекуваме сите политички партии да водат кампања во рамките на законот, со почитување на сите мерки на претпазливост од Ковид-19.
Изборниот процес е можност политичките актери, од сите страни, да ја потврдат и јасно да ја покажат својата посветеност на владеењето на правото и почитувањето на највисоките европски стандарди, вклучително и со избегнување на потпалувачки говор, лажни вести и дискриминација- стои во изјавата.
