Привршува рокот за запишување на нови земјоделски стопанства
Новите земјоделци и новите фирми треба да се запишат во регистарот на земјоделските стопанства . Ваквата евиденција е еден од условите за добивање на финансиска поддршка. Промените во сопственичката структура исто така мора да се пријават во регистерот. Рокот е продолжен и ќе трае до 30 јуни годинава.

Новите земјоделски стопанства и земјоделските фирми доколку сакаат да добијат финансиска помош ќе мора да се запишат и да се евидентираат во регистарот за земјоделски стопанства најдоцна до утре, 30 јуни.
Оваа обврска ја имаа и оние фармери кои во меѓувреме ја зголемиле или намалиле, односно во текот на минатата година, направиле промени во сопственичката структура на површините кои ги обработуваат и на бројната состојба на животните кои ги одгледуваат.
Добивањето на средствата во сточарството зависи од бројната состојба на добитокот запишана во Агенцијата за ветеринарство или бројот на домашни животни на денот на поднесување на барањето за добивање на средствата кои им следуваат.
Пријавувањето се врши во подрачните единици на Министерството за замјоделство каде што живее земјоделецот или каде што се наоѓа седиштето на фирмата. Инаку првично рокот беше до 15 март но поради состојбата со корона вирусот беше продолжен за три и пол месеци.
Методија Трајков
