Аеродромите се отвораат во среда, Филипче и Сугарески на средба со ТАВ

29.06.2020 10:39

Според протоколот, патниците ќе треба да пристигнат на аеродромот најмалку три часа пред нивниот лет, постојано да носат заштитна маска, да одржуваат физичко растојание и висок степен на лична хигиена.

Во пресрет на отворањето на двата аеродроми во земјава за патнички сообраќај, Скопскиот и Охридскиот, најавено за 1 јули, министрите за транспорт и врски и за здравство, Горан Сугарески и Венко Филипче денеска ќе го посетат Меѓународниот аеродром – Скопје каде што ќе имаат средба со менаџментот на ТАВ Македонија.

Според протоколот, патниците ќе треба да пристигнат на аеродромот најмалку три часа пред нивниот лет, постојано да носат заштитна маска, да одржуваат физичко растојание и висок степен на лична хигиена.

Двата аеродрома во земјава се затворени од 16, односно 19 март како дел од мерките за спречување на влез и ширење на Ковид-19.