ВМРО-ДПМНЕ: Ќе создадеме услови за достоинствен живот на сите

29.06.2020 12:55

Карванот на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе престојува во Јегуновце, Брвеница, Ѓорче Петров и во Куманово. Вчера од Битола опозицијата со порака: Македонија е дом за сите чесни луѓе и добри домаќини, а со победата на коалицијата „Обнова на Македонија“, ќе создадеме услови за достоинствен живот на сите...

Во нашиот програмски проект „Обнова за Македонија“ јасно стои дека се обврзуваме за најмалку 1.000 километри нови и реконструирани регионални и локални патишата. Една од мерките за заштита на амбиенталниот воздух ќе биде субвенционирањето до 50 проценти од трошоците за изградба на термоенергетски фасади.

Во еден мандат просечната плата ќе ја зголемиме за 25 проценти, а се обрзуваме и за истиот перид пензиите да бидат повисоки за 20 отсто и враќање на старото законско решение два пати годишно нивелирање на пензијата. Даночната политика ќе биде еден нов пристап во економијата, порача од Битола лидеот на опозицијата.

Време е да кажеме- доста не лажевте и понижувавте. Ние заслужуваме и можеме повеќе. Кога не сте кадарни имајте доблест, тоа оставете им го на подобрите- истакна носителот на листата за пратеници од петата изборна единица.

Во текот на вчерашното попладне, педизбониот караван на коалицијата „Обнова за Македонија“, собири со граѓаните имаше и во општините Демир Хисдар и Новаци, каде посебен акцент беше ставен на програмските цели за земјоделието.

Стевче Митревски