СДСМ: Имаме програма за развој на економијата
Влез во Европската унија, развој на економијата, зголемување на просечната и минималната плата, отворање нови работни места, покачување на пензиите, унапредување на здравствениот систем, но и праведна државата, вети синоќа претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во Куманово.

Зголемување на минималната плата на 20.000 денари, а на просечната на 34.000 денари, вети синоќа лидерот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во Куманово. Тој нагласи дека економијата ќе се развива, странските инвестиции ќе растат, а невработеноста ќе се намалува. Заев пред кумановци ги презентираше шестте столба кои што ги нуди нивната програма, но зборуваше и за историски успех на државата, зачленувањето во НАТО, пријателството и соработка со Бугарија и Преспанскиот договор.
„600 милиони евра директна поддршка на стопанството, отворање на нови работни места заради работниците. 2 милиони евра во патишта, водоводи, канализација, детски градинки, училишта спортски сали, домови на култура, болница и се што претставува продуктивна инфструткира 300 километри нови експресни патришта и 950 километир локални патишта“ -нагласи Заев.
Носителот на листата, Оливер Спасовски пред своите сограѓани најави повеќе проекти, меѓу кои реконструкција на Соколана, Спортската сала и Спомен Костурница. Тој потсети дека изминатиот период се реконструирани сите патишта околу општината, но зборуваше и за успехот на државата.
„Со државнички одлуки да ја развиваме економијата, да помогаме на бизнис секторот, да создаваме нови работни места, да нудиме преспектива за младите, да креираме перспектива што ќе значи еднакви можности за секој млад човек, да градиме силно образование, и да ја градиме државата преку силни млади луѓе во Република Северна Македонија“- нагласи Спасовски.
Носителот на листата, Сања Лукаревска и кандидатот за пратеник Мухамед Зеќири, посочија дека СДСМ е посветена на продолжување на интегративниот процес во ЕУ, грижа за ранливите категории и загарантирана правда за сите.
Елена Георгиевска
