Мицкоски не дојде во ПС- Центар

29.06.2020 13:56

Засега е непозната причина за недоаѓањето на Мицкоски, кој поканата уредно ја примил во четвртокот...

Иако беше поканет во 10 часот во Полициската станица Центар да даде исказ за настанот во кафеаната  во Боемска улица, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не дојде во закажаниот термин.

Засега е непозната причина за недоаѓањето на Мицкоски, кој поканата уредно ја примил во четвртокот. Наместо Мицкоски, во Полициската станица Центар бил присутен неговиот правен застапник.