Филипче: Засега нема зголемување на притисокот кон здравствените установи
Ресорниот министер Венко Филипче ја посети педијатриската болница во Козле која сега е претворена во ковид- центар. Министерот за здравство соопшти дека овој здравствен капацитет располага со 60 болнички кревети, од кои досега се пополнети 20, а здравствениот пересонал има големо искуство во третман на белодробни заболувања...

Во ковид- центарот педијатриска болница „Козле“ хоспитализирани се 20 пациенти со корона вирус, болницата е со капацитет од 60 легла . Лекарите и медицинските сестри се со огромна експертиза за третман на белодробни заболувања и по принципот на ротација на помош им доаѓаат интернисти од клиничкиот центар.
Засега нема зголемување на притисокот кон здравствените установи информира министерот Филипче. Модуларната болница е целосно испразнета и се поставува централен довод на кислород, Клиниката за инфективни болести може да прима пациенти, освен болницата во Битола каде има уште четири слободни кревети, другите болници во државава се полупразни.
За еден излекуван пациент од Куманово повторно се појавил вирусот. Но деновиве ќе биде познато дали е рецидив, информираше министерот.
Факторот на преносливост на вирусот е под 1 и е добро и многу битно во моментов, но и натаму остануваат препораките за самозаштита и дисциплина- потенцира Филипче.
Од први јули со здравствени протоколи ќе бидат отворени и двата аеродрома.
По пауза од три месеци, од денеска, според препораката на Комисијата за заразни болести е дозволено и организарање концерти.
Билјана Јанакиеска
