МВР и ДИК: Фер и демократски избори се гарант за евроинтегративниот процес
Задутре ќе се знае точната бројка на граѓани со право на глас, но претседателот на ДИК тврди дека списокот е прочистен. Заедно со министерот за внатрешни испрати порака дека изборите ќе бидат европски...

МВР со сите свои капацитети ќе ја гарантира безбедноста на изборите, уверува министерот Чулев. Веќе е формиран Републички изборен штаб со кој раководи директорот на БЈБ , а во соработка со ОБСЕ во фаза се обуките на полициските службеници за соодветно постапување.
За првиот човек на ДИК овие јубилејни 10- ти избори се исклучително важни. Една од обврските во врска со избирачкиот список е завршена. Одговарајки на новинарски прашања рече дека нема многу барања за изземање на членови на избирачките одбори и нивни заменици.
Дерковски информира и дека избирачките места кои не ги задоволувале критериумите за овие избори се заменети со соодветни локации за гласање. Првиот човек на МВР прашан за случаите Мицковски во кафеана во Дебар маало и Поткупот на Ден Дончев, рече дека неселективно ќе го спроведува законот.
Лидија Чакар
