МТВ доби награда од СЕММ за известувањето за пандемијата

29.06.2020 17:31

Жирито одлучи третата награда да ја поделат новинарски трудови на двајца автори, наградени се ТВ прилозите емитувани на МТВ на тема „Битката за храна посилна од стравот од Ковид-19“ и „Дијабетот – втор најголем ризик за коронавирусот“ , како и сториите на телевизија Алсат М ...

Советот за етика во медиумите додели награди за најдобри новинарски трудови поврзани со известувањето за пандемијата на коронавирусот.  Првата награда ја освои редакцијата на Истражувачката репортерска лабораторија за сторијата на тема „Како лажно декларирани холандски тестови за ковид од Кина завршија во Македонија, САД и земјите на ЕУ“.

Репортажата од лабораторијата на Факултетот за ветеринарна медицина, каде што се обработуваат брисевите од пациенти со симптоми на Ковид-19 емитувана на ТВ 21 ја освои втората награда.

Жирито одлучи третата награда да ја поделат новинарски трудови на двајца автори, наградени се ТВ прилозите емитувани на МТВ на тема „Битката за храна посилна од стравот од Ковид-19“ и „Дијабетот – втор најголем ризик за коронавирусот“ , како и сториите на телевизија Алсат М  во кои е пренесена сликата од терен во Дебар, неколку скопски општини и Тетово каде што има најголем број на инфицирани.