На сила новиот Закон за Јавно обвинителство
Од денеска стапува на сила новиот Закон за Јавното обвинителство. Предметите од надлежност на СЈО, преземени од републичкиот јавен обвинител, се распоредуваат по обвинителствата за натамошно процесуирање...

Од денеска стапува на сила новиот Закон за Јавно обвинителство, со што престанува важноста на Законот за СЈО. Предметите од надлежност на Специјалното јавно обвинителство, кои се преземени од јавниот обвинител Љубомир Јовески, се распоредуваат по јавните обвинителства за натамошно процесуирање.
Републичкиот обвинител уверува дека сите предмети ќе добијат завршница. Незаконски прислушуваните разговори нема да можат да бидат основа за обвинение, освен во предметите поднесени до надлежен суд до 30 јуни 2017 година.
Аудиозаписите и транскриптите од „бомбите“ за предметите покренати по овој датум можат да се користат само како индиции, но не можат да бидат предложени и употребени како доказ во постапката.
Законот за Јавното обвинителство беше донесен во февруари, пред самораспуштањето на Собранието.
