Државен совет за превенција на детско престапништво: Вклучување деца во политичка кампања е недозволиво
Изборниот законик предвидува глоба од 8.000 евра за радиодифузерот и 30 проценти од одмерената глоба за одговорното лице на радиодифузерот доколку биде објавено изборно пропагандно известување со учество на деца...

Вклучувањето на деца во какви било активности поврзани со тековната политичка кампања е недозволиво и не е во најдобар интерес на детето согласно со Конвенцијата за правата на децата, истакнуваат од Државниот совет за превенција на детско престапништво.
Посочуваат дека грижата за децата треба да се остварува со обезбедување законски и институционални услови за нивен правилен раст, развој и воспитание. Сѐ останато претставува нивна злоупотреба и повредување на правата, велат од Државниот совет.
Изборниот законик предвидува глоба од 8.000 евра за радиодифузерот и 30 проценти од одмерената глоба за одговорното лице на радиодифузерот доколку биде објавено изборно пропагандно известување со учество на деца, нагласија од Советот.
