Во Прилепската болница седум нови заразени здравствени работници

30.06.2020 15:05

Во Прилепската болница има седум нови заразени здравствени работници. Сите се од Гинеколошко-акушерското одделение. Уште 9 лица се изолирани. Од болницата уверуваат дека одделението продолжува да функционира, реорганизирано. Попладнево се врши дезинфекција...

Четири болничарки и три медицински сестри од прилепското гинеколошко-акушерско одделение се позитивни на Ковид-19, а 9 здравствени лица кои биле во контакт се пратени во изолација. Ова се најновите случаи на заразаени здравствени работници во прилепската болница. Според епидемиолошкиот извештај - нема други заразени.

Од болницата офрлаат инсинуации дека болничарката криела. Имала мала настинка, кога покачила температура е тестирана и позитивна. Веднаш била отстранета од работното место.

Гинеколошко-акушерското одделение функционира со останатиот прсонал, реорганизирано. Попладнево се врши дезинфекција на одделението.

Со новите седум, во Прилеп вкупно се 22 заразени здравствени работници. 15 -те досега, се оздравени.

Во Прилеп последнава недела се зголеми бројот на заразени, во просек по четири до пет нови случаи дневно. Активни се 36, од кои 29 пациенти се на домашно, а седум на болничко лекување. На инфективното одделение во болницата почина 82-годишен маж.

 

Елизабета Митреска