Пандемија

Над 300 жртви од Ковид-19 во земјава

30.06.2020 16:27

Бројот на жртви од коронавирус надмина 300 луѓе. Починаа уште четворица, откриени 126 новозаразени. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.334, бројката на оздравени пациенти е 2.475. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557...

Нови 126 позитивни на Ковид- 19. Од направените 1.140 теста, 66 се во Скопје. Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти. Починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 6.334, моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557.

На Инфективната клиника и во болницата „8-ми Септември“ во изминативе 24 часа примени се 26 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 232 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, на респираторна 11. Од Клиниката за инфективни болести информираат дека го менуваат начинот на лекување на пациентите, нема да ги ставаат на апартаи за дишење. Поради тоа што искуството покажало дека тоа не дава резултати во лекувањето на болните од Ковид- 19.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, три деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.

Во болницата во Битола и Штип се хоспитализирани 78. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти - позитивни и сомнителни на Ковид-19.

 

Дијана Ценевска