Ин мемориам- Шенол Ахмети
Целата своја професионална кариера, долга повеќе од 20 години Шенол ја помина во јавниот сервис. Зад него, како снимател, се бројни реализирани настани со информативната програма и документарни проекти, но и повеќегодишна работа како камерман на студиски емисии.

Битката со коронавирусот синоќа ја загуби долгогодишниот снимател и камерман на Македонската телевизија, Шенол Ахмети. Целата своја професионална кариера, долга повеќе од 20 години Шенол ја помина во јавниот сервис. Зад него, како снимател, се бројни реализирани настани со информативната програма и документарни проекти, но и повеќегодишна работа како камерман на студиски емисии.
Шенол Ахмети почина на 51 годишна возраст, откако претходно му се влошила здравствената состојба и бил ставен на респиратор.
Македонската радиотелевизија загуби вистински професионалец,кој целиот работен век го мина во јавниот сервис. Ќе остане запаметен со позитивниот приод кон секоја работна задача, оптимизмот, насмевката и почитта кон секој негов колега.
