Приведени неколку лица по инцидентот во болницата „8-ми Септември“

01.07.2020 09:41

Еден од приведените бил позитивен на коронавирусот и тој е спроведен во полициска станица со специјални протоколи.

МВР приведе неколку лица по инцидентот кој вчера се случи во ГОБ „8-ми Септември“, каде што роднини на почината 60-годишна пациентка од Ковид-19 се обиделе да го земат телото на починатата и упатувале вербални закани на лекарка од ковид центарот.

Еден од приведените бил позитивен на коронавирусот и тој е спроведен во полициска станица со специјални протоколи.

Вкупната бројка дијагностицирани со ковид во земјава надмина 6.340. Битката со вирусот ја изгубија над 300 лица. Клиниките се полнат со пациенти. Голем дел имаат потреба од кислородна поддршка. Од активните најмногу се во Скопје.