Османи: Очекуваме до октомври да биде прифатен финалниот текст на преговарачката рамка
Земјите- членки треба да ги изнесат своите национални ставови, а рамката се носи со консензус.

Европската комисија го усвои текстот на преговарачката рамка и го предаде на Советот на ЕУ. Вицепремиерот за евроинтеграции Османи очекува до октомври да биде прифатен финалниот текст. Оцени дека е добро што се случува ова кога Германија претседава, која е голем поддржувач на нашиот европски пат. Земјите- членки треба да ги изнесат своите национални ставови, а рамката се носи со консензус.
Со тоа ќе се добие финалната позиција на ЕУ за содржината на преговарачаката рамка, по што ќе може да се закаже и првата меѓувладина седница, што претставува и формален старт на преговорите за полноправно членство во унијата, истакна Османи.
Османи, појасни дека со новите механизми на преговарачкиот процес, брзината и напредокот ќе зависи од самите нас, како и дека ЕК ќе има механизами да го препознае и намали пристапот до ЕУ фондовите доколку има застој.
Очекувано како услови за напредок се Копенхашките критериуми, но исто така и регионалната соработка и добрососедските односи. Во драфт рамката директно се посочени билатералните договори со Грција и Бугарија, за кои се очекува видливи резултати при нивната имплементација, изјави Османи.
