Спасовски: Нема отстапување од процесот, правиме сигурни чекори на европскиот пат
Европската комисија го усвои текстот на преговарачката рамка и го предаде на Советот на ЕУ. „Државата прави сигурни чекори на европскиот пат“, вели премиерот Спасовски. Идната недела на експертско ниво, почнува расправата. Вицепремиерот за евроинтеграции Османи очекува до октомври да биде прифатен финалниот текст. Земјите- членки треба да ги изнесат своите национални ставови, а рамката се носи со консензус...
Европската комисија ја достави предлог- преговарачката рамка за Македонија, која сега треба да го помине филтерот на земјите- членки пред конечно да биде усвоена. Премиерот Оливер Спасовски рече дека преговарачката рамка е уште еден силен доказ дека нашата држава прави цврсти и сигурни чекори кон својот европски пат.
По усвојувањето на преговарачката рамка следува конференција со сите ченови на Европската комисија.
Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, очекува целиот процес на усогласување меѓу земјите да заврши до октомврискиот самит на ЕУ. На кој рамката би била усвоена.
Документот е конципиран според новата методологија за пристапниот процес. Земјите-членки треба да ги изнесат своите национални ставови, а рамката се носи со консензус.
Елизабета Кузмановска
