Алое плантажа како хумана мисија
Животната приказна на жена од струмичко Петралинци во овие кризни времиња покажува колку е важно да си човек. Таа одгледува алое, билка чиј сок го подарува на сите на кои им е потребен за лекување. И самата, како што тврди, се излекувала од малигно заболување...

Плантажата со една од нај лековитите растенија - алое арборесценс во дворот на 52- годишната Сузана Гоцева од струмичкото Петралинци, не ја прави цвеќарка , туку крие една друга вистина. Пред 28 години за прв пат се соочува со малигно заболување. Донела решение да го проба алтенативниот начин на лекување пред да легне под нож. Купила неколку корени од овој тип на алое и почнала сама да си прави сок од неа. Пиела само неколку месеци, а потоа лекарите констатирале чудо, дека неколку сантиметарскиот тумор веќе го нема.
Од плантажата на Сузана се излекувани многумина, ама не за пари.Таа сокот им го прави бесплатно. Кренала на нозе стотици жени, но и деца. Излекуваните и среќни лица за неа вредат повеќе од сите пари на светов.
Покрај одгледувањето на алое арборесценс, Сузана и нејзиниот сопруг се и сертифицирани одгледувачи на органско производство.
Постојат повеќе од 300 вида на алое, но лековити се само четири меѓу кои ова алое на Сузана.
Стојне Митева
