Политика
Последна недела предизборна кампања
06.07.2020 11:40
Уште една недела предизборна кампања пред молкот на 12-ти јули. Партиските карвани ја крстарат државата. Пред граѓаните се ветуваат повисоки плати и пензии, инвестиции, економски развој...

Уште една недела предизборна кампања пред молкот на 12-ти јули. Партиските карвани ја крстарат државата. Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ ќе одржи граѓански трибини во Штип и Ѓорче Петров.
Коалицијата „Обнова на Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска е во струмичкиот регион. Ќе има средби со жителите на Босилово, Василево и Ново Село.
Кандидатот за премиер на ДУИ, Насер Зибери пред владата ќе одржи прес-конференција.. Средба со новинарите ќе има и шефот на изборниот штаб на Алтернатива, Арбен Таравари.
