Судство

Апелација одложи повеќе јавни седници, „Монструм“ продолжува на 26-ти август

06.07.2020 12:22

Случајот „Монструм” се однесува за петкратното убиство на момчињата и рибарот кај Смилковското езеро во 2012 година. Во претходна постапка на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Повеќе јавни седници и расправи закажани за оваа и следната недела во кривичниот оддел на скопска Апелација се одлагаат, информираат од судот. Од таму известуваат дека странките и јавноста ќе бидат дополнително информирани за денот на одржување на одложените седници. А судењето за случајот „Монструм“ ќе продолжи на 26-ти август, откако денешното рочиште е одложено поради најавено отуство на надлежниот јавен обвинител.

Случајот „Монструм” се однесува за петкратното убиство на момчињата и рибарот кај Смилковското езеро во 2012 година. Во претходна постапка на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд пред три години ги укина пресудите и ги ослободи од притвор осудените и им определи мерки на претпазливост. Случајот го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.