Ковид-19: 7.046 дијагностицирани, 341 починат од почетокот на епидемијата
06.07.2020 12:05
Бројот на активни случаи во државава, во моментов изнесува 3.678. Најмногу се во Скопје, а Делчево, Радовиш, Виница и Берово немаат ниту еден заболен од коронавирус...

Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.046, бројот на починати е 341, а на оздравени пациенти е 3.027.
Бројот на активни случаи во државава, во моментов изнесува 3.678. Најмногу се во Скопје, а Делчево, Радовиш, Виница и Берово немаат ниту еден заболен од коронавирус.
Од Министерството за здравство се уште не излегле со официјалните податоци за состојбата со Ковид-19 во изминатите 24 часа. Во 14 часот е најавена пресконференција на министерот за здравство, Венко Филипче.
