Заев: Патриотизам е да се подигне економскиот стандард
„И во време додека ги решававме отворените прашања и додека го трасиравме патот кон НАТО и ЕУ, постигнавме клучни успеси и на домашен план, успеси во економијата, во инфраструктурата“, порача лидерот на СДСМ Заев на граѓанската трибина во Чаир...

Патриотизам е да се подигне економскиот стандард и да се обезбедат што повеќе пари назад на граѓаните. Денескa е патриот тој што си подава рака еден на друг, што гради единство, што за 2,5 години отвори 64 илјади работни места, даде 300 проценти поголема социјална помош, воведе социјална пензија, згрижи 12 илјади стечајци, ги укина квотите на лековите, ја зголеми платата на специјалните лекари за 40 насто, 25 проценти на медицинските сестри, 21 насто на наставниците и улителите и 31 насто на воспитувачите, истакна лидерот на СДСМ, Заев на средбата со граѓаните во скопски Чаир. Упати порака до младите луѓе да останат во државата.
„И во време додека ги решававме отворените прашања и додека го трасиравме патот кон НАТО и ЕУ, постигнавме клучни успеси и на домашен план, успеси во економијата, во инфраструктурата. Се изградија 750 километри патишта. Постигнавме многу, ќе покажеме дека можеме и уште повеќе и уште подобро“, порача претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина во Чаир. Носителот Оливер Спасовски истакна дека изборната единица два е едно општество за сите.
„СДСМ со коалицијата Можеме креира нова развојна економија којашто ќе се базира на нови технологии, одржливост и човечкиот капитал. Тоа е модел што ќе ги штити работните места и ќе овозможува повисоки плати“, рече Спасовски.
Ќе има директна поддршка на младинското и женското претприемништво, преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра. Обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени млади до 29 години во првите две години од работењето. Парите одат директно на сметките на младите. Тој посочи дека целта е мотивација на младите да учат, работат и живеат во својата земја и затоа поддршката на коалицијата Можеме на 15 јули е глас за таа шанса. Тој направи разлика со времето на ВМРО-ДПМНЕ кога режимот ги крадеше парите на граѓаните и со бесперспективноста ги бркаа младите од државата.
Денес, наведе Спасовски, нашата држава ги отвора преговорите со ЕУ, што значи реални можности за повисоки плати и нови работни места, како и за европски институции што работат по европски стандарди. Постигнавме способна држава и функционални институции, што подразбира и владеење на правото и воспоставување систем на вредности со почитување на човековите права на секој поединец, истакнаа од СДСМ во Чаир. Порачаа на граѓаните да не потпаднат под предизборни влијанија.
Ирина Гелевска
