Штипска Апелација потврди - две ипол години за двајцата насилници од Штип

06.07.2020 13:44

Правниот застапник на жртвата на рочиштето на Апелациониот суд на 19 јуни бараше максимална затворска казна која за ова дело изнесува пет години, а застапникот на осудените бараше условна казна...

Апелациониот суд во Штип ја потврди пресудата на Основниот суд за двајцата насилници кои брутално претепаа девојка во Штип. Затворска казна во времетрање од две ипол години е конечната одлука на штипска Апелација, со што казната е правосилна.

Правниот застапник на жртвата на рочиштето на Апелациониот суд на 19 јуни бараше максимална затворска казна која за ова дело изнесува пет години, а застапникот на осудените бараше условна казна.

Двајцата штипјани насилството го извршија во јануари, а откако го објавија на социјалните мрежи, експресно беа притворени. Целиот процес, односно истрагата и судењето во кое сторителите го признаа делото, заврши во кратот рок.