Казни за 444 граѓани кои не носеле лична заштита на лице
07.07.2020 09:55
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата...
Во текот на изминатото деноноќие (06/07.07.2020) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 444 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.
