Зголемен бројот на заразени и во соседството, можни се нови мерки на границите

07.07.2020 13:02

Од здравство апелираат, возрасните и хронично болните да бидат внимателни, со рестриктивно движења и со заштитна опрема. Зголемен е бројот на заразени и во соседството, и затоа се можни нови мерки на граничните премини...

Од почетокот на епидемијата бројката на инфицирани со коронавирус во земјава надмина 7.120. Половина од нив се активни случаи. Најмногу ги има во Скопје, а доминира општина Чаир. Битката со вирусот ја изгубиле 346 пациенти. Анализата на хоспитализираните и нивното доаѓање во болница упатува дека еден добар процент пациенти со Ковид-19, доаѓаат во болница откако состојбата им е значително влошена.

Од здравство апелираат, возрасните и хронично болните да бидат внимателни, со рестриктивно движења и со заштитна опрема. Зголемен е бројот на заразени и во соседството, и затоа се можни нови мерки на граничните премини.

За време на изминатиот викенд немало индикација за поголема опасност од влезот на граѓаните од соседните земји, но се чекаат информации од повеќе Центри за јавно здравје од градовите од Косово и од Србија.