Во МАНУ промовирани четири дела посветени на македонскиот јазик и дијалекти

07.07.2020 14:38

На денот кога пред 75 години беше кодифициран македонскиот правопис, во МАНУ се промовирани четири дела посветени на јазикот и за македонските дијалекти. Во нивната подготовка учествуваа повеќе од 60 лингвисти…

Ние сме должни да го чуваме нашиот јазик зошто е наш – рекол Крсте Петков Мисирков пред повеќе од еден век. Токму на денот кога пред 75 години е кодифициран македонскиот правопис, во МАНУ беа промовирани четири значајни дела посветени на јазикот, како и за македонските дијалекти.

Македонскиот јазик постоел и ќе постои на мапата на светот. Тој има свој посебен развој и има граматички систем различен од бугарскиот. Блискоста меѓу јазиците не ги негира разликите меѓу нив – истакна Ќулавкова.

Повеќе од 60 лингвисти учествуваа во подготовката, а со излегувањето на овие значајни изданија за македонскиот јазик, лингвистичка сцена се обединува во аргументирани одговори за постојаноста на македонскиот јазик.

Тања Сарандеска