Филипче: За една недела одлука за организирање на свадбите

07.07.2020 16:28

Да се излезе и да се гласа на изборите, повика министерот Филипче. На ред се протоколите за свадбените свечености, неделава се испитуваат и новинарите во информативните редакции. И ова деноноќие има починати и регистрирани новозаразени...

Во изминатото деноноќие се регистрирани 120 новозаболени од коронавирусот. Петмина починале. Во болниците низ земјава се лекуваат 420 пациенти, дел од нив се во потешка состојба и на респираторна машина. Во изминативе 24 часа се направени 1.367 тестирања, од денеска почнува и скринингот на новинарите и на медиумските работници. Здравствените власти со став дека бројот на новоинфицирани со Ковид-19 се намалува. Филипче најави дека во време кога стивнува состојбата, се разгледуваат одредени барања на бизнис заедницата.

„Сето тоа се работи кои ги земаме во предвид кога ги евалуираме барањата во однос на организација и попуштање за некои сегменти се уште рестриктивните мерки. Утрово беа претставници на организацијата ХОТАМ кои побараа да се организираат свадби. Се разгледуваат протоколите кои тие ги предлагаат. Меѓутоа заеднички беше заклучено дека треба да помине уште најмалку една недела. Што значи дека за една недела ќе се донесе соодветна одлука за организирање на свадбите“, изјави министерот Филипче.

Изборите никогаш не биле фактор за укинување на рестриктивните мерки, вели Филипче. Уверува дека е поготвен сигурен и ефикасен протокол за заштита на здравјето при гласање. Според министерот на денот на изборите ќе биде безбедно да се оствари граѓанското право, исто како, која и да било секојдневна активност.

Андријана Атанасовска