ДИК ќе организира симулација на безбедно гласање

07.07.2020 16:41

Ќе биде опфатен целиот избирачкиот процес во реални услови. На настанот ќе бидат поканет медиумите, домашни и странски меѓународни мисии, посебно мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, од Министерството за здравство, како и претставници на амбасадите.

Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе организира симулација на безбедно гласање со примена на сите мерки и здравствени препораки на едно избирачко место на кое што ќе бидат поканети сите медиуми. Ќе биде опфатен целиот избирачкиот процес во реални услови.

Почнувајќи од доаѓањето на граѓаните на избирачкото место, чекањето, влегувањето, дезинфекцијата, идентификација, се што е по закон, со посебно напоменување на сите здравствени мерки кои треба да ги почитуваат граѓаните, но и самите изборни органи и домашните и странскирте набљудувачи, најави Борис Кондарко, член на ДИК.

На настанот ќе бидат поканет медиумите, домашни и странски меѓународни мисии, посебно мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, од Министерството за здравство, како и претставници на амбасадите. Ќе бидат поканети и учесниците на изборите односно политичките партии.

На денешната седница на ДИК беше најавено, исто така дека граѓаните ќе можат да гласаат на изборите на 15 јули со пасоши чија важноста истекла од 18 март наваму, за време на вонредната состојба, имајќи предвид дека тие ќе имаат важност до 31 јули.

Кондарко информираше дека на гласање граѓаните нема да смеат да одат со маски на кои што ќе има амблеми на политички партии, бидејќи тоа ќе се третира како агитирање на избирачкото место што е забрането со закон.

Рокот за пријавување на гласање на лицата со Ковид 19 и во самоизолација или во карантин завршува утре на полноќ. Освен со полномошник, тие ќе можат да се пријават за гласање и преку апликацијата за пријавување за гласање на овие лица поставена на веб страната на ДИК https://izolacija.sec.mk/.

Државната изборна комисија на денешната седница го отфрли приговорот на Никола Димитров, носител на кандидатска листа во ИЕ 1 на СДСМ поднесен за попречување на изборна кампања за портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилкоски, со барање тој да биде парично казнет за тоа, како што предидува законот и тоа меѓу шест и две илјади евра. ДИК е ненадлежна за ова и упати Димитров приговорот да го поднесе до Основниот суд.