МВР: Регистрирани 415 прекршоци за неносење лична заштита на лице

08.07.2020 10:01

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата ...

Во текот на изминатото деноноќие (07/08.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 415 прекршоци, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел  справување со Ковид -19.