ДИК ќе спроведе симулација на безбедно гласање

08.07.2020 12:36

Од ДИК најавија дека ќе биде опфатен целиот избирачки процес во реални услови...

Државната изборна комисија на избирачко место во средното училиште „Јосип Броз Тито“ ќе спроведе симулација на безбедно гласање со примена на сите мерки и здравствени препораки.

Од ДИК најавија дека ќе биде опфатен целиот избирачки процес во реални услови - доаѓање на граѓаните на избирачкото место, чекање, потоа влегувањето, дезинфекцијата, идентификација, се што е по закон, со посебно напоменување на сите здравствени мерки кои треба да ги почитуваат граѓаните, но и самите изборни органи и домашните и странските набљудувачи.