Филипче: Не се знае колку вирусот се задржува во воздухот
Министерот за здравство, Венко Филипче апелира да се почитуваат мерките. Маската и одржувањето на дистанца се доволна мерка за заштита...

Сѐ уште е отворено прашањето колку може да опстане вирусот во воздухот – во изјава вели министерот Филипче по тврдењата на Светската здравствена организација дека се пренесува и на овој начин. Апелира маската и одржувањето на дистанца се доволна мерка за заштита.
„Прашање е колку долго вирусот може да издржи во воздухот и дали се пренесува заедно со капките или само вирусот да лебди, тоа е се уште голема непозната. Во секој случај маската како надополнување на мерката за одржување дистанца, согласно сегашните сознанија коишто се потврдени, сметаме дека е доволна мерка за заштита“, изјави денеска Филипче.
Сите нови случаи на заболени се резултат на непочитување на мерките- посочи министерот за здравство. Нема некој заболен кој ги почитувал мерките. Свеста кај граѓаните е сѐ поголема и очигледно е дека луѓето се свесни дека ова ќе биде новиот начин за да се функционира, рече Филипче.
