Наесен почнува процесот за воведување 5Г технологија

09.07.2020 13:49

На крајот на годината ќе биде потпишан договор со Светска банка за заем од 35 милиони евра за изградба на национална транспортна мрежа која ќе обезбеди супер брз интернет.

По консултациите со невладиниот сектор и академската јавност во пресрет на воведување нови технологии, Владата на есен очекува Агенцијата за електронски комуникации да го расапише огласот за доделување фрекфенции за 5Г информира ресорниот министер.

На крајот на годината ќе биде потпишан договор со Светска банка за заем од 35 милиони евра за изградба на национална транспортна мрежа која ќе обезбеди супер брз интернет.

Преку дебати Владата сака да ги увери граѓаните дека тоа се безбедни технологии и дека грижата за здравјето е пред сѐ и дека нема да се дозволи ништо спротивно од тоа, информираат од Владата.