Мицкоски: Подобрување на општите услови за живот на граѓаните е нашиот фокус
Синоќа, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше на југоистокот. Од Гевгелија испратија порака дека доаѓаат луѓе кои замислуваат поинаку да ја водат политиката во земјава...

Ова се избори на коишто одлучуваме во каква Македонија сакаме да живееме ние и нашите семејства заедно со нашите потомци, но истовремено да ги направиме горди и нашите предци, ова е избор помеѓу криминалот и корупцијата којшто го нуди нашиот политички противник и законите и правдата коишто ние ги нудиме затоа на 15-ти јули сите масовно да излеземе уште рано наутро и да го заокружиме бројот 14, за обнова на Македонија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред гевгеличани.
„Победува обновата, вратете ја насмевката на вашите лице доаѓаат најдобрите 4 години а после тоа следни 4 години победува обновата доаѓа обнова на Македонија и луѓе коишто поинаку замислуваат да водат политика во оваа држава, затоа сакам да кажам дека нашата борба за обновата е борба за вредности, борба за вредности коишто ги красат нашите сограѓани коишто не красат нас чесност, работливост, гостопримство љубезност, хуманост, тоа се вредностите коишто треба да бидат на пиедесталот заедно со обновата“
Кога тие лево ќе фатат, јас десно да одам, цитирајќи ги познатите стихови од Блаже Коневски, носителот на листата во изборна единица 4, Александар Николовски ги повика сите да одат десно на 15-ти јули бидејќи, ВМРО-ДПМНЕ е десничарска партија и како што рече тој е убеден во голема победа бидејќи народот ќе ја донесете одлуката каде ќе оди Македонија во следните 4 години.
„Ова се најбитните избори на коишто Македонија оди од својата независност до денес следната година славиме 30 години независност верувајте ова се најбитните избори во 30 години независна македонска држава. Затоа што на овие избори одлучувате дали ќе ја има Македонија ваква каква што ја познаваме или не. На овие избори одлучувате каде ќе оди Македонија и каква ќе биде“
Реализација на капитални вложувања насочени кон оние инфраструктурни и енергетски проекти што ќе бидат во функција на бизнис-секторот е нашиот фокус во наредните 4 години со цел подобрување на општите услови за живот граѓаните во Македонија, рече Христијан Мицкоски пред гевгеличани.
Памела Цилаков
