Заев: Се чува македонскиот идентитет
Карванот на коалицијата предводена од СДСМ денеска е во Шуто Оризари и во Демир Хисар. Синоќа на собирот во Прилеп беше упатен повик за масовност на денот на гласањето и поддршка на програмата насловена „Можеме“.

Денеска сме држава призната во целиот свет, со остварени стратегиски цели и со признат јазик- македонскиот кој ќе стане официјален во Европската унија. Се чува македонскиот идентитет. Имаме подигната економија, а можеме уште повеќе, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев на трибината во Прилеп.
За две и пол години минималната плата е зголемена за 60 насто, а во наредниот период ќе стигне до 20.000 денари, а просечната од 27.000 на 34.000 денари, ќе се зголемат пензиите, повратокот на ДДВ ќе биде повисок за 30 насто, рече пред прилепчани Заев. Нечесен е односот на ВМРО-ДПМНЕ да се негира најдобро платениот тутун досега и највисоките субвенции, како и стабилната состојба во Тутунскиот комбинат кој беше со загуби од 93 милиона евра.
Кандидатот за пратеник во четвртата изборна единица Соња Мираковска рече дека е голема обврска да се зборува во Прилеп, пред оние кои ја имаа визијата и се бореа да имаме слободна и безбедна земја.
СДСМ и коалицијата Можеме ги повикаа граѓаните да излезат на гласање зашто е безбедно и според сите протоколи.
Елизабета Митреска
