Зибери: Можам да ги приближам ставовите и да ги обединам граѓаните
ДУИ денеска има средби со граѓани во Скопје. Синоќа од Гостивар оваа партија побара поддршка за својот кандидат за премиер кој најави дека сака да ги обедини сите граѓани и ставови...

Длабоко сум убеден дека времето на црно- белите бои на државата, биполаризмот и затегнувањето на односите не ја води државата напред, сакам да се наметнам како кандидат кој нуди подобра перспектива, подобра алтернатива и просперитет за сите без оглед на нивната етничка, политичка, верска припадност, рече во своето обраќање пред присутините членови и симпатизери, кандидатот за премиер на ДУИ, Насер Зибери. Верувам во себе, верувам во субјектот кој ме поддржува во ваквите ставови, дека можам да бидам еден амалгам кој ќе ги приближи, а не кој ќе ги оддалечи ставовите помеѓу различните политички партии и можам да бидам шанса за перспектива на граѓаните, додаде Зибери.
„Во првата лига се натпреваруваме и претендираме за премиер Албанец затоа не се занимаваме со другите политички субјекти зашто тие се во втора лига. Нашето учество во првата лига ги исплаши нашите конкуренти од македонскиот етнитет. Бидете уверени дека оваа наша програма сериозно ги загрижува. Постојано бегаат како глувци од соочуваањето со мене затоа што ја сакаат и понатаму само за себе тапијата за премиер. Им порачуваме дека политичкиот натпревар е рамноправен. Правото за конкурирање за премиер и за извршната власт ни го дава Уставот на земјата, Уставот кој во 2001 беше платен со крв. Конкуренти сме, подобри сме и ќе победиме“, изјави Зибери.
Барајќи го гласот од гостиварци, Али Ахмети истакна дека ништо на подарок не добиле. Тие, мислиш срцето си им го откорнал за некое унапредување на Албанец или за нивните национални права, додаде Ахмети. Тој одоговори и на прозивките на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека за ДУИ е најдборо да оди во опозиција
„Зоран Заев претера со изјави и прави нечесна работа. Не е тој што ќе ја однесе ДУИ во опозиција. Тоа го може само една сила, а тоа се тие се гласачите на ДУИ, тие се Албанци на Република Македонија, тоа е гласачкото тело. Но, не и Зоран Заев. Зоран Заев нема да биде премиер. Добро е за нивното здравје да не брзаат и да создаваат проблеми со нас бидејќи не можат да се справат. Така им се случи пред 20 години кога седнавме и преговаравме за многу големи прашања, територијални поделби и тие ја загубија играта мислејќи дека доаѓаме од планината и не знаеме ниту политика ниту дипломатија“, рече Ахмети.
Од говорницата на присутните им се обратија и кандидатите за пратеници Вјолца Љатифи Адеми, Арта Зендели Биљали и Хасим Деари.
Фиљана Кока
