Комбе со мигранти се преврте кај Струмица, возачот побегнал

09.07.2020 16:12

Комбе со 50 мигранти се преврте на патот Валандово - Струмица, 14 од нив се повредени. По укажаната лекарска помош сите мигранти се пренесени во ТЦ Винојуг кај Гевгелија. Ова е втора сообраќајна незгода за три дена во која комбе натоварано со десетици мигранти излетува од коловозот.

Станува ли алармантна состојбата со мигрантите кои илегално ја поминуваат јужната граница. Речиси секојдневно југоисточниот регион бележи сообраќајни незгоди со возила во кои се транспортираат десети мигранти. Синоќа неколку минути пред 21 часот на магистралниот пат Струмица- Валандово кај раборска раскрсница се преврте битолско комбе, товарено со 50 мигранти, од Индија, Авганистан и Пакистан. По незгодата возачот побегнал од местото. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле четворица мигранти. 

Повредените мигранти по укажаната лекарска помош, заедно со останатите кои не биле повредени биле префрлени во ТЦ Вунојуг кај Гевгелија. За три дена ова втора сообраќајна незгода во која учествува комбе кое превезува дестици мигранти.

Стојне Митева