Нови 205 случаи со Ковид-19, шест починати, оздравени 336 пациенти

10.07.2020 15:25

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.777, бројката на оздравени пациенти е 3.960, на починати е 368, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.449...

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-60, Куманово-13, Дебар-17, Штип-10, Прилеп-2, Тетово-13, Струга-12, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-23, Струмица-1, Крушево-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Берово-1, Свети Николе-29, Кичево-7, Ресен-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица од: Скопје-113, Куманово-28, Дебар-8, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-40, Струга-52, Велес-1, Охрид-57, Кавадарци-1, Гостивар-8, Крива Паланка-4, Кочани-1, Пробиштип-1, Валандово-2 и Ресен-4.

Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје и два од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 62, 68 и 94 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години. Во ОБ Гостивар е почината пациентка на возраст 80 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.777,  бројката на оздравени пациенти е 3.960, на починати е 368, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.449. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 3.716, активни 1.871

• Куманово 831, активни 164

• Дебар 137, активни 76

• Штип 421, активни 161

• Прилеп 291, активни 59

• Тетово 844, активни 324

• Струга 300, активни 147

• Велес 201, активни 38

• Битола 68, активни 27

• Охрид 219, активни 133

• Кавадарци 23, активни 15

• Гостивар 211, активни 128

• Гевгелија 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)

• Струмица 19, активни 11

• Крива Паланка 18, активни 8

• Радовиш 4, активни 0

• Крушево 9, активни 5

• Кочани 76, активни 16

• Пробиштип 32, активни 20

• Демир Хисар 5, активни 4

• Македонски Брод 8, активни 6

• Пехчево 6, активни 2

• Берово 4, активни 1

• Валандово 6, активни 0

• Виница 4, активни 1

• Делчево 1, активни 0

• Кратово 5, активни 2

• Свети Николе 88, активни 81

• Кичево 65, активни 56

• Ресен 132, активни 87

• Неготино 21, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.728 теста се преку: ИЈЗ-775, ЦЈЗ Скопје-24, Авицена-208, Биотек-161, МАНУ -131, Жан Митрев (Филип Втори) -233, Систина со PCR метода -131, Судска медицина -21, ЦЈЗ Битола-44. Досега во земјата се направени вкупно 74.562 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 59 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 деца позитивни и 1 суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 112 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 323

• Аеродром - 162

• Бутел - 146

• Гази Баба - 200

• Центар – 146

• Карпош – 147

• Сарај – 128

• Кисела Вода – 108

• Ѓорче Петров – 107

• Студеничани – 116

• Шуто Оризари – 86

• Арачиново – 45

• Илинден – 31

• Петровец – 17

• Чучер Сандево – 16

• Сопиште – 8

• Зелениково- 13

• Странец – 5

• Нераспределен- 67