Почна гласањето на предвремените парламентарни избори, право на глас имаат 1.814.263 гласачи
Почна гласањето за десеттите парламентарни избори. Ќе трае три дена. Денеска правото на глас ќе го остварат 742 лица заразени со Ковид-19 или во самоизолација кои се пријавија во ДИК. Во избирачкиот список за новиот собраниски состав ќе одлучуваат 1.814.263 гласачи...

Почна гласањето на десеттите парламентарни избори во земјава. Ќе трае три дена. Денеска правото на глас го остваруваат болните од Ковид-19 и лицата во самоизолација. Пријавени се 716 лица. Во нивните домови посебни избирачки комисии опремени со лична заштита ќе го спроведат гласањето. И гласачите ќе мора да носат маски и ракавици. Во целиот процес според протоколите ќе се одржува и дистанца од метар ипол до два метра.
Утре ќе гласаат болните и изнемоштени лица, лицата во старечките домови и затворениците. На клучниот ден, на 15- ти јуни избирачките места ќе се отворат во седум часот наутро, а гласањето ќе трае до 21 часот.
Според избирачкиот список, на петтите вонредни парламентарни избори правото на глас може да го остварат 1.814.263 гласачи. Изборите ќе се отганизираат на 3.750 избирачки места. Гласачите ќе мора да носат заштитна маска и да држат растојание од изборните комисии до два метра. ДИК пред и после завршување на избирачкиот процес во просториите ќе дезинфицира.
Изборите ќе ги следат вкупно 2.717 домашни и странски набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Од мисијата на ОБСЕ/ ОДИХР, од Делегацијата на ЕУ во земјава и од странските амбасади во Скопје. За следење на изборите се пријавиле и 55 странски новинари од 15 редакции.
